Слушнете како звучи песната за новото продолжение за Џејмс Бонд
Како што беше претходно најавено, песната за новото продолжение за агентот Џејмс Бонд „No Time To Die" ѝ беше доверена на младата авторка Били Ејлиш.
Таа е најмладиот музичар во историјата на филмската франшиза со ваков ангажман.
И овој пат соработува со својот постар брат и соработник, Финес, за мелодијата, која во најавата беше опишана од продуцентите на филмот, како „неверојатно моќна и подвижна песна... која е беспрекорно направена во функција на емотивната приказна на остварувањето ".
Сега конечно публиката има и можност да ја слушне и да се увери дали продуцентите биле во право.
За потсетување, премиерата на филмот е закажана за 2 април годинава, а главната улога повторно ја толкува Даниел Крег. Покрај него, во остварувањето ќе ги видиме и Рами Малек, Леа Сејду, Наоми Харис, Кристоф Волц...