Тинејџерка со моќниот глас освојува на „Америка има талент“

Кога за прв пат се појави на сцената, Кортни Ходвин изгледаше како неверојатно срамежлива тинејџерка која не може да изусти ниту збор.

По неколку минути, на жирито и на публиката на „Америка има талент“ им приреди вистинско шоу благодарение на нејзиниот неверојатно моќен глас кој ја доведе до полуфиналето.

Во последната епизода на шоуто Кортни ја изведе „Born to be wild“ и уште еднаш докажа дека токму таа треба да го освои првото место.

Познатиот Сајмон Кауел стана и долго време и аплаудираше, по што ѝ кажа дека навистина заслужува да биде дел од финалето и да ѝ се даде шанса.

Во продолжение погледнете некои од нејзините највпечатливи видеа досега.

 

Објавено:
12 септември 2018
Прегледно:
975 пати