Уникатно декорирана торта со чоколадо!
Кога размислувате за тоа како големите пекари ги прават своите фантастични торти и колку помагала имаат во кујната, веројатно никогаш нема да се сетите на овој!
Викендов е совршен начин да ги израдувате вашите најмили со една сосема поинаква, неверојатно украсена торта.
Откако ќе ја направите вашата омилена торта во кружна форма, набавете најлон за виткање предмети што добро ќе го измиете.
Стопете чоколадо во вашата микробранова печка и намачкајте ја целата површина на најлонот од страната на дупчињата со кои секогаш сакаме да се занимаваме.
Претходно, добро измерете го најлонот за да биде ист со големината на тортата за да може добро да се залепи. Откако добро ќе го намачкате со чоколадо, обвиткајте ја тортата по страните и ставете ја во ладилник да се замрзне малку.
Извадете ја и слободно отстранете го најлонот, а во горниот дел ставете свежо овошје.
Ви посакуваме добар апетит и викенд исполнет со смеа!