Усните на Кара Делевињ говорат во боја
Кара Делевињ е една од најбараните и ангажирани манекенки на денешницата, која можеме да ја видиме како на модните писти, така и на рекламните кампањи и едиторијали на голем број дизајнерски имиња. Новитет е видеото снимено во бекстејџот за новата реклама кампања на YSL за линијата сјаеви за усни Volupté Tint-In-Oil, која нуди избор на осум различни нијанси. Модната куќа реши да ги изненади девојките со новитет во однос на шминката, а новата линија ќе биде пуштена во продажба од 26-ти јануари 2015 година.
Објавено:
29 декември 2014