Видео: Би се стрижеле ли со оган?

Младиот фризер Тодор Тодоровски од фризерското студио „Capelli“ од Прилеп, прави неверојтана егзибиција и со оган и патем затворени очи, ја средува фризурата на својата клиентка. Сигурно за ваков потег е потребна огромна самодоверба, храброст, но и талент кои очигледно Тодор одлично ги применува во пракса.

Тодор во фотосесија на фотографот Мики Николовски Тодор во фотосесија на фотографот Мики Николовски

Инаку помеѓу модната фела, Тодор е познат како фризер и стилист кој до сега имал соработувано со повеќе млади македонски дизајнери меѓу кои и со неговата сограѓанка Стефанија Насеска, а се појави и како модел во една од последните фотосесии на фотографот Мики Николовски кои го доби признанието за Најдобар млад моден фотограф кој се пријави на конкусрост во организација на Fashionel.

Објавено:
14 февруари 2014