Видео: Елена Лука и Тијана на отворањето на Саемот за венчавки

Викендов во хотелот „Александар Палас" се одржа традиционалниот Саем на венчавки, каде и годинава модниот бренд Елена Лука ја промовираше својата нова, раскошна колекција венчаници.

На модната ревија со која се отвори Саемот на венчавки, познати личности ги носеа невестинските крации на дизајнерите што учествуваа на саемот. Тијана Дапчевиќ маестрално ја заокружи ревијата со екстравагантна невестинска креација на Елена Лука.

За нејзината соработка со Елена Лука, како и за новата колекција венчаници на брендот, имавме можност да поразговараме со Тијана и Елена Лука, непосредно позавршувањето на ревијата.

Во видеото ви пренесуваме дел од разговорот и амбиентот на отворањето на Саемот на венчавки.

Новата колекција венчаници со дизајнерскиот потпис на Елена Лука може да ја разгледате и онлајн на овој линк.

Објавено:
27 февруари 2018
Прегледно:
507 пати