Видео интервју со Марко Новески: Сакам да трчам низ животот!
Тој дефинитивно е еден од највпечатливите ликови од македонската јавна сцена. Ретко позитивен човек, со неверојатна харизма која што не може да ја задржи во себе ниту за миг.
Оваа среда ја правиме уште посреќна и позабавна со интересното интервју што го снимивме со Марко Новески за Fashionel TV.
Во истото, ќе можете да ги слушнете причините поради кои згасна проектот „Дај Побрзај“, за работата што тој денеска ја работи, а која целосно го исполнува, но и за притисокот што го чувствуваат со неговата девојка за поскоро „рипање во тавче“.
На сосема искрен и за него препознатлив начин, тој раскажува и за работите што го нервираат во животот, но и за тоа дека обожува да трча низ животот без никој да му наредува.
Веруваме дека следните неколку минути ќе ви бидат подеднакво забавни, како оние што ние ги минавме со Марко додека ја снимавме емисијата.
Одвојте малку време за смеа и уживајте!