(Видео) Излезе официјалниот спот за евровизиската „Circle“

Денеска на официјалниот јутјуб канал на Евровизија беше објавен официјалниот видео запис за евровизиската песна „Circle" со која македонската победничка Андреа Коевска ќе нѐ претставува на годинешново издание во Торино.

Спотот е во продукција на Македонската Радио Телевизија, а режијата и видео монтажата се на Горан Цветковиќ. Зад камерата на спотот е Сашо Доковски, додека светло мајсто е Сашо Стојановски. За стајлингот на Андреа во спотот се потпишува Цаци Паковска.

Годинешниов избор за песна на Евровизија ќе се одржува од 10-ти до 14-ти мај во Торино, Италија.

Погледнете го видеото и кажете ни ги вашите впечатоци.

Објавено:
10 март 2022
Прегледно:
402 пати