Видео: Лејди Гага го објави спотот за насловната песна за „Топ Ган“
По 36 години, Том Круз повторно ги става своите пилотски очила во новото продолжение на легендарниот филм „Топ Ган" со наслов „Маверик", кој во кино салите ширум светот започнува со прикажување на 25, 26 и 27 мај.
По класикот „Take my breath away" во изведба на Берлин, насловната песна за првиот дел, овојпат водечката филмска песна „Hold my hand" ја пее Лејди Гага.
Публиката неодамна имаше можност и да ја слушне, а вчера беше објавен и официјалниот спот за истата со што се открива и дел од приказната во новото продолжение на филмот.
Во новото продолжение се враќа и Вал Килмер, а меѓу новите лица се Ед Харис, Џенифер Конели, Мајлс Телер, Џон Хам, Жан Луиза Кели...
Објавено:
7 мај 2022Прегледно:
683 пати