Видео: Моника Белучи го презентира новиот кармин на Долче и Габана

Моника Белучи, која несомнено е една од инспиративните музи на дизајнерското дуо Долче и Габана, без изненадувања е ангажирана и како заштитино лице на новата линија кармини од козметичката едиција на брендот.

Оваа пролет луксузната италијанска модна куќа ја реализира својата нова едиција кармини, „Classic Cream Lipstick“  која официјално ќе биде промовирана на 12-ти март во Москва, на отворањето на новата парфимерија и козметички салон на Долче и Габана во руската престолнина.

Во промотивното видео, Белучи зборува за нејзината соработка со двајцата дизајнери и за нивната престрава за жената преку фантастичните колекции.

Објавено:
5 март 2014