Видео: Публиката импресиониранa зборуваше за „ELigion“

Авангардна, драматична, автентична и надвор од просторот и времето – овие неколку зборови беа најчестите што можевме да ги слушнеме од пријателите и вљубеници во работата на модниот бренд Елена Лука што неодамна нè почести со фантастичен моден перформанс и ревија под наслов „ELigion“.

Сосема воодушевени, гостите по ревијата го исполнија амбиентот на фоајето на МНТ со нивните фасцинантни импресии за кои веродостоен доказ беше широката насмевка и сјајот во очите кога пред вас ќе се појави нешто сосема ново, поинакво и тотално драматично. Меѓу нивните омилени моменти дефинитивно беше сокриениот идентитет кај повеќето од моделите со беспрекорно скроените крзнени капи, модните додатоци, футуристичкиот феномен кај креациите, но најмногу – одличниот спој на модата и уметноста прераскажан преку феноменот наречен театар!

Ниту една ревија на Елена Лука не може да помине без нејзиното заштитно лице, секогаш шармантната водителка, Лила Стојановска која задоволно коментираше по завршувањето на ревијата. Своите импресии ги споделија и актерките Весна Петрушевска и Драгана Левенска, кои особено го потенцираа магичниот спој помеѓу театарската сцена и модниот идентиет,  водителката и Dj, секогаш уникатната Вера Јанковиќ, ТВ водителката Билјана Дебарлиева, а секако своите впечатоци од сработеното ги кажа и генералната менаџерка на брендот, Елена Пандева.

Објавено:
4 октомври 2014