Вил Смит и Дуа Липа во спотот на Дрејк за „In my feelings“

Веројатно не постои човек на планетава кој изминативе недели не погледнал барем едно од видеата на предизвикот наречен #InMyFeelingsChallenge, покренат од блогерот Шиги.

Всушност, станува збор за песна на популарниот рапер Дрејк од новиот албум „Scorpion“, за кој вчера конечно беше објавен и видео спотот во кој тој вметна некои од најпопуларните видеа од предизвикот.

Видео спотот го режираше познатата Карен Еванс, а истиот е навистина интересен и ги оправда очекувањата на сите.

На почетокот, можеме да го видиме раперот како разговара под прозор со неговата девојка, популарната Кики од песната со која очигледно не е во добри односи и ја кани на забава.

Во еден момент во спотот се појавува и познатата актерка од Шоуто на Козби, Филиша Рашад, која го толкува ликот на мајката на Кики.

Нешто подоцна, спотот се претвора во вистинска забава на која можеме да видиме млади луѓе како се забавуваат и го играат познатиот танц кој првично го покрена предизвикот.

На крајот на видеото, се појавуваат и бројни славни личности кои танцуваат на песната, меѓу кои и Рајан Сикрест, Вил Смит и планетарно популарната пејачка Дуа Липа.

Погледнете го видео спотот.

Објавено:
4 август 2018
Прегледно:
219 пати