Винтиџ плакарот на уникатната Лили Ален

Лили Ален отсекогаш била позната по нејзиниот уникатен, еклектичен стил кој речиси секогаш е составен од парчиња какви само таа знае да одбере и да износи. 

Самата ќе каже дека е голема обожавателка на винтиџ парчиња со кои секогаш се идентификува и обожава да ги носи. 

Иако таа е навидум тотално спортски тип на девојка, новинарката на Вог во нејзиниот плакар најде и неверојани класични парчиња, меѓу кои и Шанел фустан со риги во горниот дел, ретро црно фустанче во А – крој и карирани капути. 

Во видеото, ѕирнете во фантастичниот плакар на Лили Ален и нејзиниот спектакуларно колоритен дом. 

Објавено:
2 септември 2015
Прегледно:
795 пати