Жизел Бундшен открива како Том Брејди ја запросил

Прекрасната Жизел Бундшен беше гостинка во последното издание на популарните „73 прашања“, видео рубрика на модниот магазин Вог која е дефинитивно една од најинтересните.

Во видеото водителот оди во нејзината куќа во Бостон каде живее со сопругот и децата, а додека одговара на прашањата, го води на прошетка низ фантастичниот имот.

Меѓу другото, раскажува како нејзиниот сопруг Том Брејди ја побарал за сопруга кога ја излажал дека станот и се запалил и мора да побрза, а таму ја чекале цвеќиња и свеќи по што следело главното прашање.

По девет години, тие сè уште се во брак, и како што ќе кажат, се сакаат исто како и првиот ден. Во еден момент од видеото се појавува и Том Брејди и нивната ќерка, а прекрасната Жизел потоа го покажува и остатокот од имотот, со акцент на фантастичниот двор.

Говори за омилените работи што сака да ги прави во Бразил и во Бостон со неодолив бразилски акцент, а раскажува и многу други интересни работи од кариерата.

Погледнете го видеото!

Објавено:
18 јуни 2018
Прегледно:
368 пати