Сладолед од ванила или чоколадо, што велат експертите?

23 јули 2024

Едноставно невозможно е да оддолееме на сладоледот, особено во лето. Од мноштвото вкусови, сепак најчест избор биле и ќе останат чоколадото и ванилата.

Прашањето е - Што да одбереме, односно кој од нив е похранлива верзија?

Одговорот на ова го понудија двајца нутриционисти д-р. Крис Мор од Кентаки и Кери Гласман од Њујорк.

Двајцата се согласни во тоа дека сладоледот може да биде дел од нашата диета, но треба да бидеме внимателни во однос на состојките од коишто е направен.

"Клучот е во балансот. Не е погрешно ако одвреме навреме посегнеме по топка сладолед. Тој ќе ни ја задоволи потребата за благо, а тоа пак ќе ни помогне да продолжиме со здравиот начин на исхрана."

Сладоледот содржи масна киселина која го носи називот C15:0. Таа се поврзува со забавување на биолошката старост на клеточно ниво. Ги зајакнува клетките, го забрзува метаболизмот и ги штити срцето и црниот дроб.

"Бидете внимателни со состојките на самиот сладолед. Одбегнувајте ги оние со вештачки бои и нездрави адитиви. Одбирајте сладолед од полномасно млеко, какао и стапчиња ванила."

На прашањето 'како да го направиме сладоледот поздрав', eкспертите советуваат да додадеме свежо овошје, јаткасти плодови, темно чоколадо во мала количина на сладолед.

"Така ќе го направиме десертот похранлив, а нема да се изгуби посакуваниот вкус."

А кога станува збор за тоа што е подобро чоколадо или ванила, преференциите се различни. Она што е важно е од какви состојки е сладоледот направен.

Дали ќе одберете чоколадо или ванила, или пак ќе се одлучите за сосема поинаков вкус изборот е ваш.

Фото:Pinterest

Објавено:
23 јули 2024
Категорија: 
Здравје