Познатата повеќеслојна фризура „Рејчел" се врати во тренд благодарение на Џенифер Анистон!
Именувана според ликот на Анистон во хит-серијата „Friends", оваа фризура беше особено популарна во раните 2000-ти години, а се чини дека сега таа доживува вистинска ренесанса благодарение на актерката.
View this post on Instagram
На неодамнешното видео, кое го објави на Инстаграм профилот на нејзиниот бренд за нега на коса, LolaVie, Џенифер Анистон може да се види со слоевита фризура, која и дава волумен и го обликува нејзиното лице.
View this post on Instagram
Фризурата која се наоѓа помеќу најчесто предложените стилови за лесно одржување, без сомнение е дело на нејзиниот долгогодишен фризер Крис Мекмилан, кој исто така стои зад фризурите на Џенифер од 90-тите.
Според стилистите, добрата фризура се очекува самата да ја заврши целата работа. Откако ќе ја измиете косата, исушете ја и спремни сте да излезете. Но, пред да се одлучите за слоевитата фризура „Рејчел", консултирајте се со вашиот фризер за тоа што точно сакате да постигнете. Поголем волумен? Текстура?
Па дури и да не сте љубители на „Рејчел" фирузрата, можеби ќе би се допаднат некои елементи кои ќе ѝ помогнат на вашата коса да изгледа поздраво и побујно.