Butterfly фризура - идеален избор за волумен на тенка и слаба коса
•
16 јануари 2023
Една од тренди новините на социјалните мрежи моментално е butterfly (пеперутка) фризурата.
За нејзината популарност придонесува и Џенифер Лопез која што е веќе препознатлива по бујната коса во слоеви.
Она што е навистина добро кај оваа фризура е тоа што дава инстант волумен на слабата и тенка коса.
Таканаречената "пеперутка во слоеви" се одликува со прамени со различна должина кои што потсетуваат на култната Рејчел фризура од 90-тите.
Пократките прамени ја следат контурата на лицето и главата, со што се добива нежен и женствен, бохо шик стил.
Косата го има посакуваниот волумен, а должината останува иста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Фото: Instagram, Pinterest