Уредувањето на детската соба може да има значително влијание врз развојот на децата, на емоционално, интелектуално и физичко ниво.
Со овие практични идеи поттикнете го развојот на вашите деца, додека уживате во креативен и функционален ентериер.
Интерактивни ѕидови:
Закачете магнетни табли, црни табли или табли за со маркери на ѕидовите каде што децата можат да цртаат, пишуваат и прават свои белешки.
На тој начин се поттикнува креативноста и им овозможува да ги визуелизираат своите идеи. Различните и инспиративни елементи во собата ги наведуваат децата да ја користат својата креативност во игра и размислување.
Сензорна стимулација:
Разновидните текстури, бои и форми во собата обезбедуваат сензорна стимулација која е важна за развојот на сетилата кај децата. Ова помага во развивање на фини моторни вештини, перцепција и способност да се разликуваат различните сензации.
Целата содржина прочитајте ја на овој линк.