Колоритни ентериери за љубителите на бои

8 август 2024

Во домот каде што живееме, сите сакаме да ни е пријатно, удобно, топло и опуштено. Кога се работи за изборот на бои во домот, особено во дневната соба каде што го поминуваме најголемиот дел од денот, уредувањето е прашање на вкус.

Додека некои луѓе сакаат почисти тонови и едноставни дизајни, ги има и такви што сакаат поголема колоритност. Бојата знае да одигра клучна улога во расположението и да влијае позитивно на менталното здравје.

За денес избравме ентериери во кои изобилуваат повеќе бои, и иако навидум се доста шарени, сепак се складно искомбинирани и внесуваат радост кога ќе ги погледнеме.

Можностите се секогаш бесконечни. Можете да ги бојадисате ѕидовите во омилените бои, но и да изберете мебел во некоја јака боја.

Теписите, лустерите, декорациите на ѕидот како слики, илустрации, украсни чинии, исто така може да ги изберете да бидат колоритни со вашите омилени бои и со тоа да го збогатите просторот дополнително.

Се надеваме дека ќе ве инспирираме да направите промени во вашиот дом доколку сте љубители на бои.

Фото: Pinterest

Објавено:
8 август 2024
Категорија: 
Архитектура
Тагови: 
колорит