Нека вашиот балкон стане магично есенско катче

18 септември 2023

Менувањето на годишното време на некој начин на тера да смениме и нешто во домот, да направиме мало преместување на елементите или да додадеме нови украси и детали со цел да го освежиме ентериерот.

Но, покрај внатрешниот простор му треба мало преуредување и на балконот, односно терасата.

Иако свежите денови што идат ќе ни го ограничат престојот надвор, сепак и ова катче не треба да го заборавиме.

Сезонски цвеќиња, декорации во боите на есента, светилки и по некое ќебенце во случај да ни застуди.

Балконот може да биде бајковито место, ваше мало прибежиште каде ќе сакате да се опуштите по работниот ден, или пак да уживате во друштво на саканите.

Доколку ви треба инспирација ние сме тука за вас.

 Фото: Pinterest

Објавено:
18 септември 2023
Категорија: 
Архитектура