Овој магичен дворец во Италија ќе ве воодушеви со неверојатната градина

13 октомври 2023

На само час и половина возење од Рим, во селото Вињанело се наоѓа дворецот Русполи.

Зданието е импресивно, но она што навистина го одзема здивот е неговата ренесансна градина, за којашто можеме да кажеме дека е една од најубавите во Европа.

Благодарение на градината дворецот е идеален за венчавки и романтични прошетки.

Првиот дел од градбата датира уште од 847-ма година кога бил дел од одбрамбена тврдина што го штитела селото.

Во 1531-ва дворецот го купило семејството Русполи и оттогаш истиот е во нивно власништво, а најчесто се користи како летна резиденција.

Градината комплетно е завршена во 1611-та и со текот на времето се обновува.

Во самиот центар на прекрасното зеленило има голема фонтана која му дава дополнителна убавина на целиот магичен простор.

Во рамки на посетата што вклучува и водич, гостите можат и да преспијат на горниот спрат, како и да дознаат многу интересни работи за историјата на дворецот низ вековите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (hedgelover_)

Објавено:
13 октомври 2023
Категорија: 
Архитектура