Аријана Гранде објави фотографии од свадбениот албум

26 мај 2021

Пред десетина дена, во светската јавност се рашири веста за тајната венчавка на Аријана Гранде. Никој не знаеше ниту каде е одржана, ниту пак како младенците изгледале на тој ден.

На пејачката ѝ успеа да ја задржи приватноста и да ја сподели со остатокот од светот кога таа ќе посака.

Епа сега се случи. Ексклузивата ја доби „Вог“, а во исто време пејачката на својот Инстаграм профил, без премногу детали, потенцирајќи го само датумот на венчавката, сподели и дел од фотографиите од нејзиниот свадбен албум.

Венчаницата, која може да се рече е со минималистичка естетика, ја потпишува Вера Ванг. Рамен крој, отвор кај грбот и интересен, брановиден израз кај деколтето е нешто сосема поразлично од она каква модна естетика преферира пејачката на сцена.

Изгледот е заокружен со краток вел со панделка во предниот дел, и накит - комбинација на бисери и дијаманти, кој е избран да биде во склад со нејзиниот веренички прстен.

Коњско опавче по кое е препознатлива е нејзиниот избор на фризура и овој пат, со брановидни завршетоци.

Нејзиниот избраник, агентот за недвижнини Далтон Гомез, носи пак одело на Том Форд.

Церемонијата е одржана во семејната куќа.

 

Објавено:
26 мај 2021
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
813 пати
Тагови: 
Аријана Гранде