Но доколку сте една од оние девојки кои секогаш предност им даваат на флексибилноста и практичноста, тогаш сигурно како опција ги имате рамните обувки, а во конкретниот случај – балетанките или пак рамните сандали.
Балетанките или ниските рамни сандали може да бидат совршен избор доколку вашата венчавка треба да биде на песочна плажа или пак во градина. Но, веруваме дека и да е во ресторен или хотел во текот на прославата ќе сакате да ги замените високите потпетици со обувки што ќе ги одморат вашите стопала. Тоа што треба да внимавате при изборот на ваквите модели, е тие да бидат елегантни и да се вклопат со изборот на вашата венчаница. Обрнете внимание на деталите кои во конкретниот случај може да бидат повпечатливи, па дури и пресудни за целосниот изглед. Погледнете ја галеријата и инспирирајте се за потрагата во вашиот рамен чифт за големиот ден.