Пет чифта обувки што секоја жена треба да ги има

9 мај 2014

Велат дека жената со добар модел обувки секогаш изгледа убаво, но со кои пет чифта оваа сезона е неможно да се помине? Погледнете и прочитајте од содржината во продолжение. Квалитетните и ефектни обувки се основата на сечиј стил, но и најчеста модна опсесија кај жените и тоа со причина. Чевлите, дали оние рамните, на потпетица, ја зголемуваат самодовербата, даваат краен печат на изгледот. Затоа водете сметка кога се одлучувате за истите, зашто лошиот избор може да ја уништи целата модна приказна што сте решиле да ја изнесете. Еве ја нашата листа на топ пет чифта обувки, неопходни за пролетните, летните и есенските денови, што веруваме дека ги сакате.

-Балетанките се модел за секое време. Покриваат барем шест месеци од годината, удобни се и практични, а сепак шармантни па и елегантни. Се комбинираат практично со се и претставуваат една од најдобрите инвестиции. Изборот на балетанките е огромен, така да кога се во прашање облиците, украсите и материјалите, слободно можете да се препуштите на вашата сопствена замисла. Наша сугестија е оваа сезона да се подновите со шпицест модел.


-Рамните летни сандали се совршени за дневна прошетка низ град, попладневно кафе, плажа, но и за некои вечерни варијанти. Бескрајно се удобни, интересни и компактни за речиси сечиј стил. Едноставните „римјанки“ во бежова нијанса ќе ги вклопите буквално во секаква комбинација.

 

-Класични салонки во црна и беж боја, треба да ги има секоја девојка и жена. Тие се најдобриот избор за било која свечена прилика, совршено се отмени, едноставни и елегантни. Не „прашуваат“ која годишна доба е, затоа ваквите модели на чевли се најдобрата женствена алтернатива. Можете да изберете и такви со отворени прсти.

 

-Модел на високи потпетици во некоја впечатлива боја секако треба да поседувате. Веруваме дека сите имате некоја омилена свежа летна боја, која можеби доминира и во вашиот плакар. На секоја жена и е потребна доза на необичност, затоа одберете некој некомерцијален колоритен модел.

-Квалитетните чизмички до глужд секако дека спаѓаат во најважните пет чифта на задолжителни обувки. Одговараат со краток шорц, хеланки, цигара фармерки,здолништа, речиси со се. Затоа, одберете го вистинскиот модел според ефектот што сакате да го постигнете.

 

Објавено:
9 мај 2014
Категорија: 
Модни додатоци