Паметно купување: Обувки што ќе ви се усогласат со сите комбинации

18 март 2020

Секоја жена се нашла во ситуација да купи нешто што не ѝ е многу потребно, но едноставно ѝ се допаѓа и не може да му одолее.

Ова се однесува на било кој сегмент од купувањето, но ние денеска фокусот ќе го ставиме на обувките. Размислете и сами колку обувки дома имате, а колку реално носите.

Во продолжение следи мал список на модели на обувки кои ќе ви се усогласат со сите комбинации:

 

Чевли на широка потпетица

Во моментов, како и сезони наназад, се апсолутен тренд. Жените ги обожуваат затоа што се идеален избор и за работното место, но и надвор од него. Можете да ги носите на џинс, фустан, панталони и здолништа и секаде ќе изгледаат подеднакво добро. Исто така, ако знаете дека треба да стоите некаде подолго време, ова е изборот што треба да го направите (а притоа треба да сте поткачени на потпетица). Со оглед на тоа дека е актуелен тренд, во понудата има и бројни модели кои можете да ги усогласите со облеката со која располагате. 

 

Балетанки

Ни доаѓа пролетта, а после него и летото и секако балетанките се едни од омилените обувки на жените. Сега постојат толку софистицирани модели, што дури и рамните обувки можат да изгледаат префинето и елеганто, впечаток што порано го оставаа само обувки на висока потпетица. Совет при изборот на соодвениот модел: Бирајте балетанки што макар малку се издигнати, нозете ќе ви бидат благодарни на тоа, верувајте.

 

Патики

Тука пред сè мислиме на белите патики. Порано беше незамисливо да носите патики и одело, но денес тоа е еден од водечките трендови и изгледа одлично. Затоа, купете еден ваков модел, што ќе ви биде удобен, а истовремено и модно ќе заблескате. Супер одат и со здолниште, маица и кожена јакна, фармерки, тренерки, но како што споменавме и класични модели.

 

Класични салонки

Кога треба да ја зголемите дозата елегантност и префинетост во стајлингот, салонките се одличен избор. Тие се секогаш актуелни. Едноставен модел, пред сè, да ви биде удобен, е одлична инвестиција. Можете да одберете црна, беж или темносина, кои се лесни за комбинирање или пак во некоја нијанса за која знаете дека ќе се вклопи во вашите модни комбинации.

 

Сандали со ремчиња

А доколу сакате доза сексапил, тогаш потребни ви се сандали со ремчиња, кои отсекогаш биле меѓу популарните, но последните две години се вратија на врвот на модните листи. Новите трендови овозможија да можат да се носат и на хулахопки (подебели и во боја). Совршено можат да се вклопат и во дневни и во вечерни комбинации, па затоа е добро да имате еден модел кој ќе ви се најде во многу пригоди.

Објавено:
18 март 2020
Категорија: 
Модни додатоци
Прочитано:
4.930 пати