„eNVy room“ ги презентира новите венчаници што ја величаат женската силуета

20 јануари 2020

Хрватскиот бренд „Envy Room“ ја презентираше најновата колекција венчаници за претстојната година. Четириесетина модели, како велат, ја величаат женската силуета.

„Како и сите пати до сега, инспирацијата за креиерање на најновата невестинска колекција ја пронајдовме до модните ери на 19 и раниот 20 век, како и педесетите години на 20 век, кога модата се одликуваше со нагласени женски силуети. Од високиот струк, преку волуменозните ракави и бескрано елегантните околувратници, па сè до кокетно нагласен заден дел на фустанот и педантно промислени детали, секоја eNVy room креација евоцира спомени на некое историско време“, вели модното дуо во соопштението за јавноста.

Тие потенцираат дека во креациите се испреплетени минатото и сегашноста, создавајќи безвременски убви модели, кои ја задоволуваат широката палета желби и вкусови на жените. 

„На издолжената силуета на телото се спротиставуваат нагласените раменици и волуменозните ракави, додека на предимензионираните кринолини им се спротиставуваат голите раменици и голиот грб. За драматичноста на венчалните креации придонесуваат и заводливите изрази, набори на ткаенините кои креиераат чудесен ефект на светло и сенки, како и неодолива игра на полни и транспарентни ткаенини. И овој пат венчаниците се украсени со препознатливи детали како предимензионирани панделки, романтични карнери, ситни бисери и рачно шиени цветни апликации од свила. Освен посочените, во колекцијата доминираат и тантела, тул и свила, а освен класичната бела боја, во колекцијата ќе пронајдете и нијанси на розова, нежно зелена и еден уникатен модел во црна нијанса, кој ќе го обожуваат невестите со екстравагантен моден вкус“, објаснуваат дизајнерите.

Погледнете ги останатите креации:

 

 

Фото: Карла Јуриќ/Иве Тројановиќ

извор: facebook.com/eNVyroom.hr

Објавено:
20 јануари 2020
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.191 пати