Фенг Шуи совети за венчавка

15 мај 2013

Според верувањата, на венчавката треба да носите нешто ново, нешто старо и нешто позајмено. Ако се одлучите да позајмите, тоа нека биде од среќни и богати луѓе. За полесно да ги решите дилемите, еве неколку правила според ФенгШуи.

- Можеби и нема да биде лошо ако наместо бела венчаница се одлучите за беж или светло розeва боја на венчаница.

- Бидермаерот да биде направен од магнолија, зашто овој цвет ја симболизира женската убавина и брачната среќа.

- Друг предлог за бидермаер е да направите комбинација од бет бои на цвеќиња со што би постигнале сјаен енергетски ефект.Петте бои се:црвена(претставува оган), сина (вода), зелена (дрво), беж и жолта(земјен елемент), а белата и златната се боите на металот.

Би било добро салата да е во четириаголен облик а вие да ја уредите според Фенг Шуи правилата.

- Направете мапа на просторот, поделете ја на 9 еднакви делови и означете ги со броеви. Влезната врата во салата може да биде во делот под број 8, 1 или 6. За почеток обрнете внимание на главниот влез кој треба да е слободен без да се блокира од нешто. Украсете и осветлете ја влезната врата, изберете столици со овален, кружен или осумаголен облик и секако избегнувајте столици со остри агли и поставете ги во облик на потковица. Симболите, приборот за јадење, салветите нека бидат во боја на оган, а букетот на масата нека биде во облик на пирамида. Просторот за младите сместете го во делот обележан со број два, а на тој начин ќе можете да остварите подобра комуникација со гостите, роднините и пријателите. Било во кој дел и да се наоѓа, масата на младенците треба да биде украсена со симболите на брачната среќа и семејството. Столовите на младенците во никој случај не треба да бидат свртени кон влезот на салата.За разубавување на салатата доколку можете дополнително може да ставите и огледала. Зеленилото со кое ќе украсувате никако не смее да биде со спуштени, шпицести и запуштени листови.

Поканите за свадбата може да ги направите во осумаголен облик, во облик на лепеза или школка. Сите овие облици симболизираат среќа.

Цвеќето, подароците, огнометот и веселбата ќе поминат, но, тој ден и тоа место ќе го поврзуваат вашето минато и иднина.

 

Објавено:
15 мај 2013
Категорија: 
Бела соба