Кој е најпопуларниот модел на венчаници за 2017?

25 декември 2017

Префинетиот и елегантен впечаток е водечкиот предзнак кога се во прашање колекциите венчални фустани за 2017 година.

Женственоста е во преден план, надополнета со драматичен ефект визуелизиран преку изборот на деталите, комбинацијата на материјали, експериментирањето со кроевите, но и со акцент на ракавите.

Токму венчаниците со ракави се издвоија како најпопуларен модел за годината што изминува, со оглед на бројните креативни можности во нивната изведба.

Ракави со карнери, тантела, транспарентни украсени со везови или со панделки, беа актуелни во венчалните колекции на Валентино, Вера Ванг, Ели Саб..

Инаку, според најавените тенденции за претстојната година, овој тип на венчаници ќе бидат исто толку актуелни и во 2018.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
25 декември 2017
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
1.700 пати