Колекција венчаници Каролина Херера пролет 2016
•
7 септември 2015
Топ моделот Кејт Кинг е главното лице во новата одлична кампања на дизајнерката Каролина Херера во која се претставени дел од нејзините креации за пролет 2016 – та.
Целата кампања на дизајнерката е фотографирана во нејзиниот дом во Њујорк, а за фотографиите се погрижи одличниот Макс Вадукул.
Колекцијата се состои од луксузни и неодоливи венчаници инспирирана од убавината на белиот цвет Јасмин.
Фотографиите се црно – бели со многу неутрални детали поставени во куќата на дизајнерката.
Погледнете ја целосната кампања и уживајте во убавината на секое парче посебно.