Магична невеста во совршена венчаница од Елена Лука

12 јули 2016

Знаеме колку е посебен моментот за секоја девојка кога е невеста. Затоа секогаш се инспирираме и со вас споделуваме дел од приказните на невестите кои зрачат со некоја посебна магија.

Секако за комплетната нејзина убавина голем придонес има и совршената венчаница во која невестата треба да се чувствува единствена, своја и посебна.

Ателје на Елена Лука во Струмица

Токму таква е и убавата невеста Олгица која својот совршен избор за венчален фустан им го довери на тимот Елена Лука од ателјето во Струмица.

Со сè уште свежи спомени од венчавката, со нас импресиите ги сподели невестата за која Елена Лука креираше уникатна венчаница изработена од деликатна луксузна тантела, со рачно доработени златни апликации, со корсетиран горен и двослоен долен дел, a целиот изглед е финиширан со впечатлив асесоар за во коса изработен од кристали и бисери.

Зошто се одлучивте за венчаница токму од домашниот моден бренд Елена Лука?

-Да бидам искрена друга опција ниту имав на ум. Комплиментите и пофалбите што ги слушнав за самиот бренд од блиските околу мене што веќе имаат парчиња од Елена Лука, не ми оставија избор (се смее). После долга анализа на моделите венчаници изработени во Елена Лука бев сигурна дека се пронаоѓам во стилот и дизајнот, а истовремено бев сигурна дека нема да погрешам.

Колку сте задоволни од соработката?

-Беше моја привилегија да соработувам со Елена Лука и со нејзиниот пријатен, љубезен, организиран и професионален тим. Добиваш одговорност и принципиелност и се разбира квалитет. Им посакувам и во иднина многу успех и многу задоволни клиенти, како што сум и јас.


Опишете ни ја Вашата венчаница.

- Венчаница од соништата! Материјалите ги одбрав заедно со тимот на Елена Лука, луксузна тантела, основата е изработена од италијански сатен, а ефектот на волумен е постигнат со тафт што паѓа од струкот надолу.  Имав и преубав долг вел и впечатлив детаљ во косата, изработен од кристали и бисери. Крајниот резултат беше една суптилна, женствена и елегантна венчаница.

Колку Вашиот личен стил имаше влијание при изборот на венчаницата?

-Немаше многу дискусија околу моделот. Точно знаев дека сум со вистинскиот тим па според тоа бев релаксирана бидејќи знаев дека моделот ќе биде во согласност и со мојот стил и вкус, но истовремено ќе биде функционален и прилагоден на мојата блажена состојба. Целосно верував во предлозите и идеите на тимот на Елена Лука, и немав сомнеж дека ќе бидам уште една исклучително убава невеста во венчаница од Елена Лука.

 

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Бела соба
Прочитано:
5.442 пати