Доколку не сте сигурни околу фризурата за еден од најважните денови во вашиот живот, за среќа постојат и „генерални проби“, па точно можете да видите дали нешто ви одговара или не и да дојдете до саканиот резултат.
Важно е да одберете фризура која ќе ви го отвори лицето, која нема да привлекува внимание повеќе од самата венчанива и која ќе може да ви потрае речиси цел ден.
Крената коса
Поголемиот дел смета дека најелегантни фризури за свадба се оние кога косата е крената и има дискретен детаљ. Високо кренатата мазна или помалку бушава пунџа, пуштени или кренати шишки, фризура со виткани премени... изборот е голем, треба да го изберете само она што најмногу ви прилега.
Пуштена коса
Во последно време се поактуелен е трендот на пуштена коса на венчавките, па невестите се повеќе се одлучуваат за романтични кадрици, или едноставни рамни фризури украсени со природен цвет или некој друг украс за коса.
Плетенки
Плетенките и понатаму се апсолутен тренд. Тие се сами по себе детаљ во косата и затоа внимавајте да не претерате со други додатоци. Нека бидат тоа дискретни бисери или мали цветчиња.