Наем Кан е познат по прекрасните и раскошни венчаници кои ги обожаваат девојките ширум светот, а неговата последна колекција е нешто фантастично.
Истата се чини е наменета за гламурозни рок невести со оглед на „бунтовничките“ парчиња што тој ги смести во неа.
Секако, ниту овојпат не отстапува од раскошот по кој е познат и неверојатните материјали од кои ги изработува венчаниците.
Во колекцијата тој смести дводелни комбинации составени од памучни панталони и дуксер украсени со бисери и светки, женски костими, фантастични комбинезони и секако, неговите добро познати украсени фустани.
Како и секогаш, тој користи многу тантела, тул, транспарентни свилени наметки, реси, пердуви, кристали, 3Д цветови и уште многу други украси.
Во оваа колекција тој смести буквално од сè по нешто, за сечиј вкус, за секоја невеста, па дури и за оние најпребирливите.
Сосема очекувано, тој создаде уште една уникатна колекција полна импресивни парчиња кои идните невести ќе ги обожаваат.