Исклучителниот талент на дизајнерот Гејл Би уште еднаш импресионираше. Неговата креативната фантазија ги надмина сите очекувања преку дизајнот на неповторлива венчаница од висока мода. Фустанот кој можете да го погледнете на фотографиите е насловен- Фантазија и е плод на тригодишен процес.
Раскошниот луксузен модел е составен од два дела, краток топ и здолниште, кое има шлеп долг неверојатни 20.5 метри. За целосната конструкција употребено е 10 километри жица, на која се аплицирани 500 илјади стаклени бисери и 400 илјади кристали.
Во горниот дел од конструкцијата доминира ориенталноста, осовено во пределот кај градите и на грбот, кој е целосно покриен со богатите детали во вид на мрежа. Долниот дел пак, е во смирена линија од кројот, пред се поради масивниот шлеп, кој на моменти потсетува на килм од бајките. Засега не е објавена цената на оваа неповторлива венчаница.