При подготовките на еден од најпосебните денови за секоја девојка, се внимава сѐ да биде доведено до перфекција – од органзација па сѐ до изгледот.
Освен на фустанот, прилично многу внимание и време се посветува при одбирањето на вистинската шминка и фризура.
Многу често очекувањата се големи, а резултатот поинаков, или пак, очекувањата се неодредени, па се лута со идејата.
Во продолжение ние ќе ви предложиме тренди фризури за различни должини на коса, што веруваме ќе ви бидат инспиративни и од помош.
За долга коса:
Доколку имате долга, убава и квалитетна коса, одлично ќе изгледаат лелеави локни. Не стравувајте да ја пуштите косата. Пунџата не е секогаш најдобро решение.
Можете да направите и лежерна плетенка. Ако сакате да го откриете лицето, тогаш и „полу-фатена“ фризура е добро решение.
За коса со средна должина:
-Можеби и најчестата должина на коса, која не секогаш е лесно да се стилизира. За класичните невести, ниска пунџа е една од најактуелните опции, додека за оние што се стремат кон лежерен изглед, нежни локни, полукрената коса во комбинација со „неуредни“ плетенки се првиот избор.
За кратка коса
Иако е мошне популарна, ретко кој е храбар да се одлучи за кратка фризура. Сепак, ако имате кратка коса, а сте идна невеста, не грижете се. И вие можете да постигнете и тренди и елегантен изглед. Ако имате боб-фризура, тогаш можете едната страна да ја соберете наназад и да ставите интересен украс. Лелеавите локни се добредојдени, а можете и да ја соберете во неформална фризура доколку сакате лежерен изглед.
За оние девојки пак, што ја имаат т.н. машка фризура, не треба премногу да отстапуваат од веќе постоечката форма, само одберете го вистинскиот моден додаток и ќе изгледате прекрасно.