Викендов Мексико беше местото каде што се случи спектакуларната венчавка на слатката Ева Лонгорија и нејзиниот избраник, првиот човек на продукцијата „Телевиса“, Хосе Антонио Бастон.

Извор близок до двојката за „People“ изјавил дека венчавката била навистина магична и дека сите уживале во забавата на зајдисонце во магичното место Valle de Bravo во Мексико.

Церемонијата и забавата се одржале во неверојатната вила на Бастон каде помеѓу бројните гости се појавиле и Рики Мартин, Мелани Грифит, Дејвид Бекам, Марио Лопез, Викторија Бекам и бројни други познати пријатели на двојката.

Сосема очекувано, прекрасната Ева за својата венчавка одбра креација од нејзината пријателка и дизајнерка Викторија Векам која повторно создаде ремек дело.

Таа носеше навидум едноставна, но истовремено многу шармантна тесна венчаница со деколте во предниот дел и внимателно одбран накит кој само ја збогати креацијата.

Ексклузивното право за објава на фотографиите го имаше шпанскиот магазин Hola!, а сосема очекувано, на истите тие изгледаат неверојатно среќно и заљубено.
Погледнете дел од она што досега беше објавено на бројните медиуми ширум светот.




