Розовата колекција венчаници на Вера Ванг

13 октомври 2013

Новата колекција есен 2014 од Вера Ванг е се, само обична не. Таа создаде цела една колекција розови венчаници за невести што сакаат да излезат од рамките на традиционалното и истите ги прикажа на невестинската недела во Њујорк.

Ванг претстави интересни креации на венчаници, а на повеќето можеа да се видат волуменозни цветови направени од истиот материјал како и фустаните.

Покрај стандардните венчаници со корсет во комбинација со широки здолништа, Ванг претстави и елегантни и модерни, тесни розови фустани.

Дизајнерката, воодушевена од својата колекција, на ревијата на истата изјави и дека розовата боја и се допаѓа толку многу, бидејќи совршено им прилега на сите бои на кожа.

Како вам ви се допаѓа новата колекција венчаници на Вера Ванг?

Објавено:
13 октомври 2013
Категорија: 
Бела соба