Ако закажавте венчавка оваа пролет, а сè уште го немате одбрано совршениот фустан, тогаш задолжително погледнете ја новата колекција на Вера Ванг.
Во истата, дизајнерката смести вистински бајковити фустани на кои им додаде детали како никогаш досега.
И онака магичните парчиња таа ги украси со впечатливи големи цветови претежно во пределот на рамената и половината.
Што се однесува до моделите, и овојпат дизајнерката понуди раскошни, секси и заволиви модели од кои дефинитивно секоја дама ќе го пронајде својот фаворит.
Од огромната палета бои, Ванг во колекцијата смести бели, нежно розови, крем и бледо зелени креации, а секоја од нив вистински го одзема здивот.
Како најпогодни материјали за нејзините модели овојпат таа одбра органза, француски тул и тантела, а сето тоа склопено заедно и украсено со впечатливи цветови.
Погледнете ги сите модели од една од најубавите пролетни колекции венчаници.
Инфо и фото: Fashion Gone Rogue