Создадете црно-бел свет од декорацијата на вашата венчавка

20 септември 2014

Ако омилени бои ви се црната и белата, тогаш почнете да размислувате за црно-бела декорација на вашата венчавка. Доколку се одлучите за оваа елегантна и минималистичка комбинација, бидете сигурни дека венчавката  ќе биде отмена, префинета и со стил. Експертите за декорација на венчавки советуваат белата боја да доминира , додека црните детали да бидат дискретни со што ќе придонесат за ефектно нагласување или контраст.

Инспирација може да побарате и од фотографиите, како и од старите филмски холивудски класици. Лесно можете да создадете игра со боите, како во монохроматски спој, интересно ќе изгледа и комбинацијата со пруги или пепито дезен.

 

Декорацијата можете да ја вметнете во сите елементи како цвеќињата, украсите, столиците, масите и што ли уште не. Разгледајте ги фотографиите од кои можеби ќе добиете идеја за естетската слика на вашата венчална прослава.

Објавено:
20 септември 2014
Категорија: 
Бела соба