Крвав час по историја во Белград. Трагедија која го занеми регионот и не остава простор за рамнодушност. Трагично загубени животи и црнило, после масакарот во основно училиште.
Детето чинител, 14-годишник, одличен ученик во 7-мо одделение, според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, бил исмејуван и жртва на булинг, а грозморниот чин го извршил по прецизно планирање месец однапред.

Штетета е веќе направена, компасот е изгубен. Оправдување нема, но проблемот е конкретен.
Проблемот е во многу слоеви, длабок и одговорноста е наша, не таму нечија.

Родители или старатели, потесно и пошироко семејство, образовни установи, институции, систем, медиуми... Сите чинители во општеството ги заборавија своите деца или ако повеќе одговара: ги игнорираат, заборавајќи на фактот дека тие се иднината, а иднината се создава сега и од најрана возраст.
Ги оставивме децата сами на себе и на воопшто ненаивните играчки на новото време. Не разговараме, не им одговараме на прашањата суштински, се повеќе го редуцираме времето за нив на сметка на „проблемите за возрасни", свесно дозволивме „role model" да бараат во површни ликови и сето тоа се провлекува низ децении што тектонски ги изместуваат вредностите и ги обезличуваат, ги празнат духовно и им го цицаат детството на децата и човечноста на возрасните.

Формата ја заузда суштината.

И сега на момент оваа трагедија ќе ни ги отвори прашањата кои секојдневно треба да ни „висат" над глава, како превенција, а не како последица.

Како си помина во училиште? Те повреди ли нечија постапка, збор, гест? Ти да не повреди и навреди некого? Зошто, ако се случило нешто такво? Како си? Сакаш ли да разговараме? Како се твоите другари? Си помагате ли меѓусебно без разлика на сите разлики? Разликите треба да ве спојуваат, не да ве раздвојуваат. Ти си ми најбитен/а, работата може да почека. Дојди да те гушнам. Добра ноќ. Утре е нов, поубав ден. Сѐ ќе биде во ред, без разлика на сѐ!

Зборовите и постапките се и отров и лек!

На децата им треба нашето внимание, простор, време и љубов!

Внимавајте како со децата/Сериозно и многу да вимаваме како со децата. Тие чувствуваат повеќе отколку што може да замислите/ме. Тие можеби не секогаш знаат да изразат емоција, но длабоко во нив таа се таложи – и добрата и лошата. Емоцијата, чувствата може да го извадат и најдоброто, но и најлошото од нив.

Вратете им се на децата со целото свое присуство. Времето одамна не е на наша страна!

Објавено:
3 мај 2023
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
2.088 пати