Кога во 2015 година името на Јелена Карлеуша беше спомнато во емисијата на Венди Вилијамс, тоа беше големо изненадување и вест.
Контекстот беше дека Бијонсе и Ким Кардашијан ги копираат модните комбинации на балканската пејачка, но со оглед на примерите, Венди изјави дека всушност постои можност дека тоа навистина е така, бидејќи Карлеуша ги носи далеку пред во нив да се појават светски познатите ѕвезди.
View this post on Instagram
Секако, ова беше критика до стилистите на Бијонсе и Ким кои дозволиле да бидат доведени во овој контекст. Тоа доведе до моментот Ким да дознае за Карлеуша и дури да ја спомене во својот блог, посочувајќи дека имаат сличен моден вкус, дека двете се силни жени и успешни во работата. Тоа беше шанса за надминување на границите на популарноста, што и ѝ успеа. Нејзиниот профил денеска го следат преку 2 милиони луѓе, помеѓу кои и познати модни блогерки како Мајка Џанели...
Од друга страна, Џеј Кеј, како што сценски се претставува српската пејачка, толку се охрабри, што и во следните пет години (а трендот не престанува) таа продолжи да ги прозива познатите ѕвезди како ѝ го копираат изгледот.
На нејзиниот „црн“ список се најдоа и Ники Минаж, Лејди Гага, Аријана Гранде, Рита Ора...
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Последниот пример беше повторно врзан со Ким Кардашијан, која најавувајќи ги своите нови парфеми, се појави во комбинезон, мошне сличен на оној што Карлеуша го носела во 2020 година и за кој вели дека е нејзина креација.
View this post on Instagram
„Ок, ова навистина не е фер! Ова е моја лична креација. Знаеш дека те сакам, ама... Барем ми дај некои заслуги или прашај ме да работам со тебе. Да, многу пати јас лично ја дизајнирам облеката за моите настапи, а многу светски личности крадат сè што ќе направам без да ме прашаат... Не знам зошто, но оваа планета е едно големо село. Па зарем не можете да прашате? Ќе го направам тоа за вас!“, напиша пејачката на социјалните мрежи, што некако е и отворена само-покана. Воедно најави дека ќе почне да создава облека со нејзин потпис за да се знае кое парче чие е.
Но, дали навистина крадат се' што ќе направи и облече?
Навистина постојат примери кои покажуваат дека тоа е возможно, особено ако некои од стилистите што работат за светските ѕвезди ги сметаат државиве во нашата околина и популарни личности тука за крајно небитни и непознати, па зошто да не се послужат со некоја идеја, кој ќе знае нели? И да, неправдата знае да боли, но она што вистински се крие зад таквото посочување е желбата да се излезе од овие граници.
Од друга страна, не може да се рече дека Карлеуша не е модно освестена и дека не поставува нови стандарди на нивната сцена кога е модата во прашање. Таа честопати истакнува дека носи облека од светски познати дизајнери, модната сцена ѝ е одлично позната. Се сеќавате на обвинувањето на Габана дека носи „фејк“ парчиња, па повлекувањето на истото?
Постои уште еден аспект од приказната - Јелена често носи дизајни и од домашни дизајнери или дизајнери од регионот, а кои ако сакаме да бидеме искрени знаат да се инспирираат и повеќе од потребното од естетиката од светски познатите.
Така на пример, пред една година Карлеуша ја обвини Аријана Гранде дека ѝ го краде стајлингот. Се работи за фустанот во кој Гранде се појави на Греми наградите.
View this post on Instagram
„Аријана Гранде, ти благодарам - следен, следен.. Ок е да имаме ист фустан, НО ако фустанот е изработен специјално и по мерка за некого... Разбирам дека фустанот на Аријана е на „Џамбатиста Вали“, но затоа е уште посмешно. Не е ОК, не поради мене, но поради Амина Хасенбеговиќ која ја направи оригиналната креација
Но дали?
Се работи за таканаречен „торта фустан“ кој како естетика Џамбатиста го пласира уште во 2016 година, всушност како идеја се провлекува и неколку сезони претходно, но вистинскиот бум се случува со колекциите од 2016/17 година и таа препознатливост ја држи до денес како проверена добивка.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Споменатата дизајнерка од Нови Пазар пак, отвора свое ателје во 2011 година, но првите посериозни колекции ѝ се од 2014 година, кога естетиката не е ни приближно блиска на она што го пласира денес. Таа успеа да се наметне како една од поуспешните од новата генерациаја, со која соработува речиси целата српска естрада.
Дали е успешна - да. Нејзина креација отиде дури и на сцената на Сан Ремо. Дали нејзините дизајни се привлечни за око - да. Но, дали се веќе и видени - апсолутно.
View this post on Instagram
Исто така, да се биде исто или слично стилизиран, не е ништо ново. Тоа често им се случува дури и на познатите личности од А-категорија, понекогаш намерно, а понекогаш не, но сите знаат дека тоа може да се случи и се трудат да го искористат максимумот од таа ситуација. Притоа, ретко кој од нив или нивните стилисти, го потенцира тоа јавно, не прозива и не обвинува, а Јелена го прави токму тоа и можеби и тоа е една од причините поради кои не сакаат да ѝ поверуваат, дури кога е во право.
На пример, тропскиот фустан на „Версаче“ кој ја вивна Џенифер Лопез во ѕвездите, претходно го носеа Гери Халивел и самата Донатела, но тоа ништо не пречеше фустанот да стане култен, а Џеј Ло да биде модно издигната.
На крајот, се' е тоа шоубизнис и секој се бори за минута слава, а пејачката не е исклучок и тоа јасно се забележува. Интернетот ни овозможи да ѕирнеме во сечија работа, креативност, да следиме трендови на еден поинаков начин, достапно ни е се'. Во време кога модниот круг само се врти, без да видиме некој револуционерен моден тренд и крој како што тоа го направија на времето модните великани - Диор, Шанел или Версаче и во време кога и светските дизајнери меѓусебе се "копираат", многу е тешко да се зборува за оригинална идеја.
Дали ваквите споредби ѝ носат публицитет, па дури и светски - да, дали ќе успее во тоа да ѝ поверуваат - веројатно не. А и кому му е тоа важно?