Нов балканско-холивуски двобој: Јелена Карлеуша vs Лејди Гага

14 октомври 2021

Лејди Гага е ѕвезда на новиот филм „Куќата Гучи“ чија премиера ја очекуваме наредниот месец. Пејачката и актерка вчера на социјалните медиуми објави фотографија дека поради филмот повторно му се навраќа на Лас Вегас.

Но, она што го привлече вниманието, посебно на балканските медиуми е еден моден детаљ. Имено, Гага покрај фустанот на точки и Ермес чантата има шал создаен од долари - ист каков што претходно виделе на фотографиите на Јелена Карлеуша.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga)

Имено, српската пејачка, пред три години го искористила овој моден додаток во еден стајлинг кој го презентирала на својот Инстаграм профил.

 

Таа честопати води „војна“ со светските ѕвезди тврдејќи дека го имитираат нејзиниот стил.

А за тоа дали навистина светските ѕвезди можат да ги копираат балканските читајте и тука.

Објавено:
14 октомври 2021
Категорија: 
Стилски двобој
Прочитано:
2.172 пати