Овие денови во балканските, но и во дел од светските медиуми, во рубриката забава сигурно сте ја сретнале веста дека српската пејачка Јелена Карлеуша ги обвини Ким Кардашијан и Бијонсе за копирање на нејзиниот стил!
Веста стигна и до американското шоу на Венди Вилијамс, каде и претходно можевме да видиме фотографии од српската пејачка која споредува нејзини стајлинзи со оние на светските ѕвезди како Бијонсе и Ким Кардашијан.
За веста да биде уште поинтересна, овојпат, водителката на шоуто Венди Вилијамс, вели дека можеби пејачката е во право со оглед на тоа што нејзините стајлинзи се направени далеку пред оние на светските ѕвезди.
Меѓу другото, во шоуто таа вели и дека доколку тврдењето на Карлеуша е вистина, за тоа се криви стилистите на Бијонсе, а не и таа самата.
Веднаш по завршувањето на емисијата, армијата обожаватели на Бијонсе ја нападнаа српската пејачка на нејзиниот Инстаграм профил, со различни закани и тврдења дека не е можно ѕвезда од рангот на Бијонсе, да си дозволи да копира некоја „локална“ српска ѕвезда.
Имено, српската пејачка на нејзиниот Инстаграм профил веќе подолго време објавува фотографии на кои јасно се гледа сличноста на нејзините со стајлинзите на светските ѕвезди, кои таа постојано ги обвинува за копирање.
Погледнете неколку фотографии што таа досега ги има објавено, па проценете сами дали навистина светските ѕвезди ја копираат Карлеуша, или пак едноставно станува збор за случајност, бидејќи сепак, станува збор за Бијонсе!