Бијонсе дефинитивно е опседната со стилот на Џенифер Лопез!

30 јуни 2015

Веројатно изминатите недели по социјалните мрежи ја сретнавте веста дека Бијонсе обожувала да ја копира српската ѕвезда Јелена Карлеуша, на што многумина слатко се изнасмеаја, но овие денови, излезе уште една слична вест, овојпат ја обвинија за копирање на стилот на Џенифер Лопез!

Светските модни портали навистина се потрудија и направија серија на фотографии на кои јасно се гледа опсесијата на стилистите на Бијонсе со стилот на дивата Џенифер Лопез почнувајќи од 1999 – тата година, па сѐ до денес.

На фотографиите можете да видите навистина слични, но и голем број тотално исти комбинации што Бијонсе ги носела краток период откако тоа прва го направила Џенифер.

И додека досега мислевме дека се работи за случајност, овие фотографии дефинитивно покажуваат дека стилистите на Бијонсе задолжително треба да поработат на нивната креативност и инспирација!

Објавено:
30 јуни 2015
Категорија: 
Сцена