Човештвото од секогаш се обидувало да ја предвиди иднината, на ваков или онаков начин.
Векови наназад се прогнозирало што не очекува во децениите што доаѓаат, уште од најраните пишани записи па сè до денешницата.
Жедта барем малку да се ѕирне во иднината никогаш нема да престане, а што навистина ќе се случи никој со сигурност не може да знае.
Наидовме на неколку интересни цртежи кои што предвидуваат како би изгледал животот во иднината.
Некои се блиску до она што се случило, додека други се помалку смешни интерпретации.
Предвидувања на модата во 50-те, од модните ентузијасти во 1914 година.
Како НАСА во 70-те го замислувала колонизирањето на вселената.
Футуристички концепт на луксузен џет, според замислата во 70-те.
Експресен брод од 2000-та година - предвидување на луѓето во 1931 година.
Идеја од 40-те - достава на храна во иднината
Постер со прогноза за идниот модел на телефон, направен во 50-те.
Куќата на Иднината, концепт на Монсанто, 1957 година.
Вака во 1900-та си замислувале дека ќе изгледаат разгледниците во новиот милениум.
Онлајн шопинг од дома, предвидување од 40-те.
Автомобили што сами ќе возат - замисла од 60-те.
Мобилни телефони, идеја на луѓето во 30-те.
Весник-телевизор, начин на којшто во иднината ќе се читаат весниците.
Одмор на Месечината. Непознат креатор и година на предвидување.
Фото:Rare Historical Photos