За „40-те се новите 20-ти“...

26 јануари 2016

Десет дами, секоја инспиративна и посебна на свој начин, беа дел од циклусот интервјуа преку кои тие ни ги раскажаа нивните интимни, суштински животни приказни што го граделе нивниот идентитет.

„40-те се новите 20-ти" е метафора на неисцрпната животна енергија со која овие наши хероини одговараат на предизвиците на секојдневието, секоја со своја „борба", со свој инспиративен извор, животен мотив и со свој хоризонт кон иднината.

Ентузијазмот, интелектот, „лузните", искуството, женственоста, сексапилот, шармот, харизмата, менталната острина, бистриот ум го профилирале нивниот животен стил, а со голема самодоверба, за потребите на овој проект, ни дозволија да создадеме една поинаква визуелна верзија на самите нив. И им се допадна тоа! Заедно уживавме на сетовите на кои за секоја посебно издвоивме по десетина стилски комбинации во кои можеби никогаш претходно не се замислувале, но кога се погледнаа во нашето огледало, верувам дека барем дел од нив ги подзамисливме да имплементираат поинтензивни бои во нивниот црно-бел плакар или да стават шешир на глава ако пред тоа не им било својствено.
Тие го достигнале зенитот на нивната женственост и сега го уживаат секој момент и привилегија на нивната петта деценија од животот.

И како што кажаа и самите, ова беше едно несекојдневно и ново искуство за нив, а дефинитивно многу значајно и благородно искуство за нас како тим.

Им благодариме на:

Оливера Трајковска (Никогаш не гледам реприза)
Ели Танасковска (Не се натпреварувам со годините)
Наташа Мешковска (Сакам да создадам свое семејство!)
Јана Манева Чупоска (Моќта на жената е во зборот!)
Лила Стојановска (Самодовербата е во главата, не во градите!)
Мирјана Марковска (Животот не е проба!)
Надица Ѓоргиева („Детето" во мене ме прави бесмртна!)
Маја Гроздановска Панчева (Убавината одвнатре е бесценета!)
Бранка Костиќ Марковиќ (Животот нема „демо" верзија)
Марта Наумовска Грнарова (Животот е премиера со секој нов ден)

Проектот го реализиравме во рок од три месеци, потрошивме 100 работни часови во конципирање и реализација на идеите, комбиниравме над 100 различни парчиња облека, а во меѓувреме направивме стотици фотографии „зад камерата" за да ги меморираме спомените.

Објавено:
26 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.335 пати