Акустични звуци од гитарите на Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ во Курушмли Ан
•
18 август 2014
Откако го објави последниот студиски албум насловен „Сеир“, македонскиот витуоз на гитара Влатко Стефановски на 19-ти август(утре) го најавува заедничкиот концерт со српскиот гитарист Мирослав Тадиќ. Досега Стефановски и Тадиќ направиле неколку заеднички концерти за паметење, а овојпат како локација го избраа Скопје и автентичниот простор на Куршумли Ан во Старата скопска чаршија.
Инаку, пред концертот во Скопје, Влатко завчера одржа концерт на античкиот локалитет „Хераклеа“ во Битола. Стартот на скопскиот концерт во организација на „Баги комуникации“ е закажан за 21 часот, а влезниците чинат 500 денари.