Јубилеен концерт на Синтезис во Скопје – 25 години чувари на македонската традиција

18 септември 2020

Со големо задоволство го најавуваме славеничкиот концерт на групата Синтезис по повод нивниот 25 годишен јубилеј од артистичката кариера, што ќе се одржи на 23 септември, на плоштадот Мајка Тереза (плато пред МОБ), со почеток во 20 часот, соопштуваат организаторите „Баги комуникации".

Специјални гости на коцертот ќе бидат Влатко Стефановски и Наум Петрески.

Нашата најпозната и најплодна етно група Синтезис во изминативе 25 години имаат одржано повеќе од 500 концерти на сите континенти и настапи во некои од најпознатите светски сали и фестивали. Синтезис се најголемите амбасадори на македонската музика во регионот и ширум светот. Од своето основање во 1995 година, Синтезис се чувари на македонската традиционална музика, и нејзини оплеменувачи со нови музички форми и елементи. Групата има издадено осум албуми и има соработувано со најпознатите македонски музичари како што се Влатко Стефановски, Тоше Проевски, Наум Петрески и Борис Трајанов, како и со познати балкански имиња меѓу кои се Биља Крстиќ и Бистрик.

Генерален спонзор на концертот е долгогодишниот подржувач на Синтезис, Комерцијална Банка АД Скопје, а концертот е подржан и од Министерството за култура и Град Скопје.
Концертот ќе биде одржан со почитување на протоколите за организирање на настани во време на пандемија од Covid 19 а билетите во строго ограничен број по цена од 200 денари се пуштени онлајн и на сите продажни места на Купи Карти За Се.

 

Објавено:
18 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
287 пати