„Алхемија на дивината“, мултимедијален и локациски специфичен перформанс во Вевчани

15 јуни 2024

„Алхемија на дивината" е мултимедијален, локациски специфичен перформанс кој ќе се изведува на различни локации на Вевчанските извори, во Вевчани, на 26 и 27 јуни 2024.

Впуштете се во волшебниот свет на „Алхемија на дивината", мултимедијален и локациски специфичен перфоманс, кој ќе ги трансформира патеките на живописното Вевчани и Вевчанските извори. Ова уникатно искуство е дело на заеднички процес кој ги спојува талентите на уметници-изведувачи од различни уметнички области. Оваа изведба е дел од проектот „СИОТ СВЕТ Е СЦЕНА - имерзивен и партиципативен театар како алатка за адресирање на општествени прашања и предизвици" на Здружението на уметници Културен центар Медиа Артес, Охрид. 

Во рамките на овој проект, во март и мај беа реализирани две серии работилници со наслов „Ритуалот во современото општество". Овие работилници наменети за професионални уметници од различни дисциплини (актери, танчери, вокални изведувачи и музичари, ликовни уметници) вклучуваа длабок истражувачи процес за т.н. обични, секојдневни ритуали и рутини, кои добиваат нова форма и значење и ритуални простори, односно истражување како просторот и сетилните искуства влијаат на ритуалот.

Како продолжение и заокружување на овој процес, последната серија работилници од овој циклус и изведбата на перформансот „Алхемија на дивината" ќе се оствари во живописното Вевчани.

Како уметници-ментори се појавуваат: Алесандро Ола, Јелена Вуксанович, Атила Антал, Вишња Жугич и Јасмина Билаловиќ, а како изведувачки уметници: Риџет Ферати, Надја Лукановска, Симона Димковска, Ива Дамјановски, Тереза Лазарев, Теодора Ежовска, Виктор Танасковски, Кристијан Караџовски и Маја Стајнберг.

Време на изведбите:
- 1ва изведба (премиера): 26.06.2024 (среда), 19:00
- 2ра изведба: 27.06.2024 (четврток), 12:00 
- 3та изведба: 27.06.2024 (четврток), 19:00

Бројот на посетители е ограничен, но можете да го резервирате своето место на една од трите изведби со испраќање на меил на следнава адреса: riteincontemporarysociety@gmail.com и ќе добиете потврда од организаторите.

Објавено:
15 јуни 2024
Категорија: 
Култура