Анџелина Џоли ќе ја игра оперската пејачка Марија Калас во новиот филм на Пабло Ларин

25 октомври 2022

Режисерот Пабло Ларин, кој на филмската публика ѝ е познат по биографските филмови „Jackie" и „Spencer", ја ангажираше Анџелина Џоли за главната улога во неговиот нов филмски проект посветен на оперската пејачка Марија Калас.

Фото: people.com

Автор на сценариото е Стивен Најт, кој претходно исто така соработуваше со Ларин на филмот „Spencer", и ќе ја прикаже бурната, убава и трагична приказна за животот на најголемата оперска пејачка на светот, за време на нејзините последни денови во Париз во 1970-тите.

Грчката оперска пејачка со американско потекло, Марија Калас, важи за една од најпознатите и највлијателните сопрани на 20 век, при што многумина ја нарекуваа Ла Дивина, или Божествената. Интензитетот на нејзината база на обожаватели се споредува со оние на современите поп пејачки како Лејди Гага или Тејлор Свифт. За жал, нејзините достигнувања често биле засенети од повеќето лични детали од нејзиниот живот, како што било нејзиното темпераментно однесување, нејзиното ривалство со сопранистката Рената Тебалди и нејзината афера со грчкиот тајкун Аристотел Оназис.

„Да имам шанса да ги комбинирам двете мои најдлабоки и лични страсти, киното и операта, беше долгоочекуван сон", откри Ларен за Variety. „Да се направи ова со Анџелина, исклучително храбра и љубопитна уметница, е фасцинантна можност. Вистински подарок."

Што се однесува до Џоли, таа вели дека ја презема одговорноста да ги претстави животот и наследството на Марија многу сериозно.

„Ќе дадам сè од себе за да одговорам на предизвикот. Пабло Ларен е режисер на кој долго му се восхитувам. Да се дозволи шанса да се раскаже повеќе за приказната на Марија со него, и според сценарио на Стивен Најт, претставува сон".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by OPERAWIRE (@operawire)

Засега нема временска рамка за продукција на филмот и не е објавен датумот на прикажување.

Објавено:
25 октомври 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
242 пати