Една од најпопуларните поп изведувачки во светот, девојката чиј глас го препознаават сите, со хитови кои што ги пејат многу генерации, Анестејжа конечно доаѓа во Скопје. На 15 мај, ВИП Арената Борис Трајковски ќе биде една од европските концертни центри преку кои Anastacia со европската турнеја насловена Evolution, се враќа на музичката сцена.
Поп легендата која што има продадено повеќе од 30 милиони копии на своите албуми, извесен период се повлече од музиката затоа што имаше две животни битки со кои што мораше да се справи. Карциномот не ја заобиколи ниту Анестејжа која што денес раскажувајќи за своејата лична борба, помага на милиони луѓе со слични проблеми ширум светот.
По феноменалната Ultimate Collection Tour во 2016/2017 година, со 110 продадени концерти, таа се одлучи за голем камбек на светската поп сцена со нов, седми по ред албум насловен Evolution. Истиот е снимен во Стокхолм и на него како извршен продуцент се потпишува Anders Bagge истиот оној кој што се потпишува и зад албумите на Селин Дион, Мадона, Џенет Џексон.
Во текот на претходната турнеја, Анестејжа потпиша договор за партнертво со Cancer Research UK. Донираше и одредени финансиски средства за да помогне во истражувањата и медицинските решенија кои што помагаат при ракот на дојка, којшто и самата двапати го преживеа.
Концертот во Скопје ниту музички ниту визуелно нема да се разликува од оние низ останатите европски метрополи во кои што пејачката ќе го донесе својот нов албум eЕvolution. Покрај песните од истиот, на сцената во Борис Трајковски присутните ќе имаат можност ексклузивно да ги слушнат безвремените хитови како: Left outside alone, Sick and tired, Paid my dues, I’m Outta love…и многу други.
Влезниците од денес можете да ги најдете во продажната мрежа на Купи карти за се по цена од:
- ПАРТЕР: 1000 денари
- ФАН ПИТ: 1500 денари (во ограничен број)
- ТРИБИНИ: 1200, 1500, 2000 и 3000 денари
Концертот е во организација на „Прагма продукција“.